Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, ниту нови потврдени

/

пред 511 дена

Сподели преку :

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, ниту новопотврдени, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Двајцата заразени се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Епидемиолозите од Институтот се во редовна комуникација со нив, како и со нивните контакти. Никој од анкетираните не пријавил симптоми на заразата, информираат од Институтот.

По лабораториската потврда на првиот случај на мајмунски сипаници во земјава, лекарите смируваат дека нема опасност од ширење на заразата.