Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ослободување на 10 заложници за 70 дена примирје – Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Хамас го прифати новиот предлог на посредниците во војната во Газа со кој се предвидува ослободување на 10 живи израелски заложници во замена за 70-дневно примирје и делумно повлекување на израелската војска од палестинска територија, објавија „Ројтерс“ и АФП, повикувајќи се на извори на милитантната организација.

Израел по тоа прашање сè уште се нема огласено , но израелската војска ги повика жителите на Газа да ги напуштат најголемиот дел од местата на југот на Појасот, додека се подготвува за „напад без преседан“ против терористичките организации во тоа подрачје. Наредбата за евакуација е објавена на арапски и се однесува на поголемите градови како Кан Јунис и Рафа, но и на сите останатите населбиво јужна Газа.

На жителите на Газа им е сугерирано да се преселат во Ал-Маваси, тесен крајбрежен појас широк еден километар и долг 14 километри во југозападна Газа кој за време на војната е прогласен за хуманитарна зона.