Подолго време сум во парламентот и ваков начин на работа, вакво неработење во парламентот не се случило, истакна Соња Мираковска, пратеничка на НСДП, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Една година по конституирањето на новиот парламентарен состав нема никаков напредок во реформите, многу лоши практики, има обид за дерогирање на деловникот, се ограничуваат правата на пратениците, инциденти, бахато однесување на претставниците на власта“, рече Мираковска.











