Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Георгеску се повлекува од политичкиот живот во Романија

/

пред 509 дена

Сподели преку :

Екстремно десничарскиот кандидат Калин Георгеску, кој водеше по првиот круг на поништените претседателски избори во Романија лани, се повлекува од политичкиот живот. Одлуката ја соопшти по еден ден од заклетвата што ја положи новиот романски претседател, Никушор Дан.

Георгеску беше во водство по првиот круг на ланските претседателски избори во Романија. Уставниот суд во земјата подоцна ги поништи резултатите, по наводите за изборни нерегуларности и руско мешање во процес, што Москва го негираше. Покрај тоа, на Георгеску му беше забрането да се кандидира за шеф на државата при прегласувањето.