Претседателот на СДСМ веќе почнал да лобира кај сестринските европски партии да биде изгласан Извештајот за Македонија во европскиот Парламент.
Изјави дека, по повикот на премиерот, веднаш се јавил на дел од нив и добил ветување за поддршка.
Сепак, има и прашања до Мицкоски, на кои чека појасен одговор.
Од Институтот за демократија, пак, велат дека иницијативата за ваков Извештај не е нова, очекуваат отпор, но веројатноста да биде изгласан е сега најголема.











