Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Просечната каматна стапка на депозититe во април изнесува 2,20 отсто, на кредититe 5,11 отсто, соопшти Народна банка

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто, соопшти Народната банка. Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти.

Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 отсто и намалена е на месечна и на годишна основа за 0,04 процентни поени и 0,40 процентни поени, соодветно.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, забележала месечен раст од 0,02 процентни поени и изнесува 2,20 отсто, при годишен раст од 0,38 процентни поени.

Според Банката, во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,87 отсто и остварила пад од 0,39 процентни поени и 1,60 процентни поени на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34 отсто и бележи месечен раст од 0,10 процентни поени, додека на годишна основа е намалена за 0,20 процентни поени.

Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,04 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,73 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, пак, е намалена за 0,03 процнтни поени на месечно ниво и изнесува 2,62 проценти.