Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без право на вето на секоја членка, ќе нема Европска Унија, смета Фицо

/

пред 504 дена

Сподели преку :

Словачкиот премиер Роберт Фицо смета дека без правото на вето на секоја членка, ќе нема Европска Унија (ЕУ). Говорејќи на настан во организација на чешкото здружение „Светополук“ во Братислава, тој рече дека чешките и словачките претставници треба да разговараат за ставот за војната во Украина, како и за правото на вето во рамките на ЕУ.

Фицо повика и на оживување на преговорите меѓу словачката и чешката влада, но и на оживување на идејата за „Вишеградската четворка“ (В4), во која покрај Чешка и Словачка се и Унгарија и Полска.

„Можам да повторам во име на владата, во секое време, на кое било место во Словачка, на која било тема, владата е подготвена да преговара со нашиот партнер, чешката Влада“, рече Фицо, истакнувајќи дека има многу теми за кои земјите треба да разговараат.

Тој рече дека Вишеградската четворка во моментов е „политички мртва“ и тврди дека форматот бил „намерно прекинат“, пренесе ТАСР.

„Не станува збор за тоа што лидерите не се разбираат меѓусебно. Стануваше збор за постојан концентриран притисок од големите западни земји да ја распаднат В4 како силна регионална асоцијација“, рече Фицо.