Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гуми, покуќнина, санитарија, пластика – куп отпад изваден од дното на Охридското Езеро

/

пред 499 дена

Сподели преку :

Автомобилски гуми, покуќнина, санитарија, пластика, се само дел од отпадоците што викендов се извадени од дното на Охридското Езеро, во близина на струшкото село Радожда во подводната акција на клубовите за подводни активности „Норкач“ од Струга, „Езерски Пулс“ и Нуркачки центар „Скаут“, како и нуркачки клубови и волонтери.

Според Ристе Талевски од клубот за подводни активности „Норкач“, свеста кај населението е на незавидно ниво и оти она што е извадено од езерското дно е разочарувачки. Според него, огромни количини, пластика, стакло, метал, гуми, покуќнина, санитарија и друг несоодветно фрлен материјал бил изваден од езерското дно.

„Охридското Езеро е наше национално богатство, кое бара постојана грижа. Да не дозволиме да го уништиме она што природата го создавала со милениуми. Одговоноста е на сите, да не загадуваме и да ги поддржуваме еко-иницијативи. Да бидеме дел од промените“, рече Талевски.

Во акцијата учествувале над 100 нуркачи и волонтери од земјава и соседна Србија.

Фото: mia.mk