Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Обвинителството да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

/

пред 499 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да постапува по доказите што вчера ги поднесе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во врска со незаконски легализирани дивоградби во Општина Чаир, а неа ја охрабри да пријави во МВР дека добива закани по живот.

„Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам веднаш да појде во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави, а МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапува по истото“, изјави Мицкоски при посетата на Институтот за јавно здравје.

„Има вистина во тоа“ одговори премиерот за изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“.

„Па има вистина тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа Меџити и Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали“, рече Мицкоски.