Македонските фудбалери веќе четврти ден се подготвуваат за дуелите со Белгија во Скопје на 6.јуни и со Казахстан три дена подоцна на гостински терен, што се играат во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Нашиот напаѓач Кристијан Трапановски смета дека Македонија може да се носи со индивидуалниот квалитет на Белгија само ако има добар тактички пристап на натпреварот.











