Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Милан имаше очајна сезона во Серија А, заврши на 9.место на табелата па сега се подготвува за комплетна реконструкција. Новата ера во клубот почна со доаѓањето на Игљи Таре на позицијата спортски директор, а потоа за тренер беше назначен Масимилијано Алегри.

Сега следуваат и коренити промени во играчкиот кадар, а клубот ќе се раздели од сите ѕвезди. Тиџани Рејндерс е пред трансфер во Манчестер сити, а кон Премиерлигата оди и голманот Мајк Мењон. Челси испратил понуда до „росонерите“ за францускиот голман.

Тео Ернандез исто така прифатил понуда од Ал Хилал вредна 18 милиони евра по сезона, а Милан ќе добие обештетување од 30 милиони евра плус пет милиони во бонуси.

Не се исклучува можноста летово клубот да го напушти и Рафаел Леао, за кого најзаинтересиран е Баерн Минхен.