Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

/

пред 512 дена

Сподели преку :

Пратеникот Аднан Азизи вечерва, на настан во Скопје, беше именуван за шеф на Централниот избор штаб на коалицијата „Вреди“.

На настанот кој се одржа во зградата на македонската филхармонија, претседателот на партијата „Алтернатива“, која е дел од коалицијата „Вреди“, изјави дека со формирањето на Централниот штаб, „Вреди“, уште еднаш ја потврдува својата определба за заеднички настап на претстојните локални избори.

„Денеска сме тука да го промовираме поставувањето на Централниот штаб на Вреди . Со овој орган уште еднаш потврдуваме дека Вреди се унифицира како заеднички субјект за настап на локалните избори наесен. За шеф на штабот е веќе избран пратеникот Аднан Азизи – изјави Ибраими.

Тој додаде дека коалицијата „Вреди“ веќе ја разгледувала темата за трансформација во обединета политичка партија, додавајќи дека станува збор за прашање од административен карактер.

– Тоа е прашање што има и правни и политички аспекти, но веќе е помалку важно бидејќи е во сферата на администрацијата. Вреди веќе функционира како еден заеднички субјект – додаде тој.