Утре е Курбан Бајрам, празник кој ја подигнува свеста за љубов и посветеност кон семоќниот Алах. Верниците го исполнуваат чинот на принесување курбан бајрам како непоколеблива желба за да се покаже љубовта и посветеноста кон Алах. Нема големи дела без напори и жртви, рече во честитката до верниците поглаварот на ИВЗ, реис ул улема Шаќир ефенди Фетаи.











