Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ:  Одбија помош за Кочани, сега држат трибини – срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 501 дена

Сподели преку :

СДСМ со став дека Кочани не е приоритет за Владата, бидејќи го одбила Законот за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагедијата.

„Клековски треба да се скрие од јавноста, болницата во Кочани сè уште нема ни основни медицински средства. Физикалната терапија се врши на донирани маси а тој седи во Владата на трибина и кажува како помогнале. Државата не обезбеди ниту обични креми за раните на повредените.“ велат од СДСМ.

Во соопштението портпаролката Богданка Кузевска додава дека „Еден месец Владата нема министер за здравство, здравството се распаѓа по секој основ, кочанската болница се распаѓа, тие политика тераат и дебати држат. Сè што има се донации од хумани луѓе. Ова е срам за цела држава. Срам за една власт што избра да ја пере својата бездушност со трибини наместо со вистинска грижа.“