Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

/

пред 501 дена

Сподели преку :

Политички пораки испреплетени со славенички фрази – лидерот на ДУИ, Ахмети, заедно со своите сопартијци вака ја прославија годишнината од основањето на партијата.

Меѓуетничките односи се „алфа и омега“ на државата, на Македонија ѝ е потребно зближување на сите националности, а земјата има капацитет за такво нешто, оцени Али Ахмети од говорницата.

Претседателот на партијата го реафирмираше и ставот на интегративците дека е потребен ветинг, ги отфрли сите наводи дека ДУИ е корумпирана партија, а испрати и порака лично до премиерот.

„Оставете ги тие што велат дека сме корумпирани и крадци, ајде да направиме ветинг! Зошто се плашите од ветинг? Да отвориме истрага за потеклото на имотот на сите политичари. Ајде повелете! Да отвориме истрага и за приватизацијата, како се случи приватизацијата во нашата држава од 1991 до 2001 година. Јас не велам да почнеме од Христијан, нека почнат од мене! Христијан, не се плаши!“, порача Али Ахмети, претседателот на ДУИ. 

Во својот говор, Ахмети оцени дека има политички прогон на поранешни функционери од ДУИ, а зборуваше и за неправди врз Албанците кога станува збор за вработување во државните институции. Според него, тоа не е во насока на градење одржливи односи помеѓу заедниците.

Лидерот на интегративците се обрати на партиските поддржувачи, во присуство и на бројни партиски функционери, пратеници и екс-министри, во паркот во населбата Чаир.

Таму се одржа централниот настан по повод 23-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција.

Петар Догов