Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Халибартон во последната секунда ја замолкна Оклахома (ВИДЕО)

/

пред 484 дена

Сподели преку :

Индијана го доби првиот натпревар против Оклахома и тоа на гостински терен во рамки на финалето од плеј-офот во НБА-лигата.

Тајрис Халибартон беше херој на Пејсерс откако погоди за два поени на 0.3 секунди до крајот на натпреварот за победа од 110-111. Оклахома прокоцка водство од дури 15 поени во последниот период и не успеа да го искористи фактот што гостите имаа дури 25 загубени топки на натпреварот.

Сите играчи од првата петорка на Пејсерс имаа двоцифрен ефект во нападот, а најефикасен беше Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока, додека Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени и 10 скока. Првата ѕвезда на Тандер, Шеи Гилџеус Александер имаше фантастичен настап со 38 поени.

Оклахома е домаќин и на вториот натпревар во понеделник рано наутро во 2 часот по средноевропско време.