Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Музети се повреди, Алкараз е во финалето на Ролан Гарос (ВИДЕО)

/

пред 484 дена

Сподели преку :

Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако неговиот ривал Лоренцо Музети го предаде мечот во четвртиот сет поради повреда.

Музети одигра одличен прв сет, што го доби со 6-4, но потоа Алкараз израмни откако беше подобар во тај-брејкот. Третиот сет Шпанецот го доби со максимални 6-0, а еден гем претходно Италијанецот побара медицинска помош поради проблеми со левата нога. Во четвртиот сет, Музети загуби уште два гема, па реши да го предаде мечот, бидејќи не можеше да продолжи.

Алкараз, кој е актуелен бранител на трофејот во големото финале во недела ќе се соочи со подобриот од дуелот помеѓу светскиот рекет број 1, Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, што стартува вечерва.