После шест години основците од 1-ви септември ќе добијат учебници по странски јазици. Наместо од импровизирани, учениците ќе имаат книги по англиски, германски и француски најави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Нови учебници ќе имаат и деветтооделенците и средношколците. Според министерката учебниците се еден од клучните фактори за квалитет на образовниот процес.
Годишно во просек за набавка на нови учебници, министерството издвојува околу 660 милиони денари.











