Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС со големи загуби и застарени капацитети

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија ја објави анализата на финансиските извештаи и работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје за 2023 година, при што констатира сериозни финансиски и управувачки проблеми.

Според ревизорите, компанијата се соочува со акумулирани загуби од околу 1,2 милијарди денари и задолженост која надминува 268 милиони денари.

Во извештајот се нагласува дека застарените сместувачки капацитети, нерационалното трошење на средства и несоодветното управување сериозно ја нарушуваат стабилноста на друштвото.

Особено загрижува недостатокот на осигурување на имотот и средствата, како и прекумерниот ангажман на аутсорсинг услуги со исплати над предвидените договори.

Повеќето од капацитетите на ЕЛЕМ ТУРС се технички застарени и не ги исполнуваат минималните услови за сместување, а дел од нив, како Одморалиштето „Свети Стефан“ во Охрид, не функционираат поради исклучена електрична енергија.

Иако компанијата има најмала загуба во последните шест години, финансиската состојба останува сериозно нарушена, а задолженоста постојано расте.