Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Населбата Аеродром и делови од Маџари и Лисиче без електрична енергија заради пожар во близина на далноводната мрежа

/

пред 494 дена

Сподели преку :

Населбата Аеродром и делови од Маџари и Лисиче останаа без електрична енергија откако голем пожар избувнал во близина на 110 киловатната далноводна мрежа.

По барање на противпожарната бригада која е на терен, исклучени се две високонапонски станици.  Додека пожарникарите не се осигураат дека повеќе нема опасност, ЕВН нема да ја воспостави мрежата со електрична енергија во овие населби. Со огнената стихија е зафатена поголема површина и се уште не може да се направат проценки за предизвиканата материјална штета.

Од општина Гази Баба информираат дека пожарот, од засега непознати причини, избувнал во дивата ромска населба.