Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најголемиот аргентински талент потпиша за Реал Мадрид

/

пред 478 дена

Сподели преку :

Франко Мастантуоно и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид. Шпанскиот клуб ја активираше неговата откупна клаузула од 45 милиони евра во договорот со Ривер Плејт и успеа да ги претрка ПСЖ и Манчестер јунајтед до потписот на 17-годишниот талент.

Мастантуоно потпиша шестгодишен договор со „кралевите“, но нема да биде со тимот на Светското клупско првенство, односно ќе му се стави на располагање на тренерот Чаби Алонсо кон средината на август.

Се работи за фудбалер кој игра како офанзивен играч за врска и во февруари 2024 година стана најмладиот фудбалер што постигнал гол за Ривер. Тој воедно стана и најмладиот фудбалер што заиграл за сениорската репрезентација на Аргентина со само 17 години и 296 денови.

Мастантуоно е третото летно засилување за Реал Мадрид по Дин Хуијсен и Трент Александер-Арнолд.