Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиени уште двајца високо рангирани ирански генерали

/

пред 486 дена

Сподели преку :

Двајца високо рангирани генерали на иранските вооружени сили, заменици-началници на Генералштабот, се убиени во израелските напади врз Техеран, објави иранската државна телевизија.

Не се сопштени детали за убиството на генералите, но новинската агенција Тасним објави видео на кое се гледа пожар на меѓународниот аеродром Мехрабад во Техеран, каде што има хангари за воени авиони, а кои биле цели на израелските напади.

Иранските медиуми објавија и дека во нападите на Израел врз Техеран била погодена станбена зграда, при што загинале 60 лица, меѓу кои и 20 деца.

Во меѓувреме, Иран потврди и дека нуклеарниот објект Фордоу претрпел ограничена штета од нападите, но оти нема опасност од радијација.