Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран

/

пред 490 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „немаат ништо со нападот врз Иран“, упатувајќи предупредување до Техеран да не ја вклучува неговата земја во конфликтот.

„Ако нè нападнете на каков било начин, САД ќе одговорат со сила невидена досега“, напиша Трамп на неговата мрежа Трут Соушл (Truth Social).

Тој додаде дека САД би можеле лесно да постигнат договор помеѓу Иран и Израел и да го запрат конфликтот.

Трамп потсети дека оваа пролет му дал на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рок од 60 дена за договор за иранската нуклеарна програма. – Денеска е 61-от ден, рече тој за Си-Ен-Ен, додавајќи дека уште тогаш го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одложи нападот врз Иран за да се даде шанса на дипломатијата.