Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

/

пред 490 дена

Сподели преку :

Индиските власти соопшти дека денеска е пронајдена и втората црна кутија од Боингот 787 на „Ер Индија“ што се урна во четвртокот кратко по полетувањето од Ахмедабад.

На втората црната кутија треба да се снимените разговори во пилотската кабина. Првата црна кутија, која ги снима податоците од летот, беше пронајдена во петокот, еден ден по инцидентот.

Во меѓувреме, индиските власти почнаа со предавање на телата на жртвите од несреќата, во која загинаа 270 лица, од кои 241 патници и членови на екипажот, а 29 настрадани на земја на местото каде што се урна авионот. Несреќата ја преживеа еден патник.

Стотици роднини на жртвите од несреќата дадоа примероци од ДНК за да помогнат во идентификацијата на нивните најблиски, бидејќи многу од телата се тешко изгорени или осакатени.

Досега, 32 жртви се идентификувани преку ДНК тестови, а телата на 14 од нив веќе се предадени на нивните роднини, изјави Раџниш Пател од градската болница во Ахмедабад.