Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина мајмунка од редок вид во скопската Зоолошка градина

/

пред 499 дена

Сподели преку :

Угина уште едно животно во Скопската Зоолошка градина. Информацијата ја соопшти членот на советот на Град Скопје, Стефан Кирков, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според неговата објава станува збор за млада женка на редок вид мајмун, Сијаманг, еден од најретките и најзаштитени мајмуни во светот. Според Кирков, трагедијата е уште поголема бидејќи женката била бремена.

Во својата објава тој го обвини директорот на Зоолошката градина, Попов, и неговиот заменик Стаменов, дека молчат за случајот и потсетува дека токму Стаменов, за кој како што вели има кривична пријава за злоупотреба на коњи, сè уште раководи со институцијата.

Според неофицијални информации, мајмунката била тајно однесена во приватни ветеринарни ординации, без јавноста да биде информирана за нејзината состојба.

„Нашата зоолошка градина пропаѓа, животните угинуваат, а никој не презема одговорност“, напиша Кирков. Од Скопската Зоолошка градина за сега нема реакција на неговата објава.