Со цел да спречи нагло зголемување на цените на енергијата предизвикани од конфликтот меѓу Израел и Иран, Европската Унија сака да соработува со Соединетите Држави, пренесува ДПА.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред официјалниот ден на отворање на самитот на Групата седум вчера изјави дека разговарала за ова прашање со американскиот претседател Доналд Трамп и дека тие се подготвени да се координираат со партнерите за да се обезбеди стабилност на пазарот. Фон дер Лајен не прецизираше какви мерки се разгледуваат за справување со големите ценовни флуктуации.











