Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бехтел&Енка“ досега наплатила над 300 милиони евра од државата, во април над 1,1 милијарда денари – извештај на ЈПДП

/

пред 489 дена

Сподели преку :

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел&Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово – Гостивар, 46 проценти за Гостивар – Букојчани и 78 проценти за делницата Прилеп – Битола.

Според Извештајот, објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), за делницата Букојчани – Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп – Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово – Гостивар, од 30 проценти за Букојчани – Гостивар, а од 49 проценти за Прилеп – Битола.

Градежните активности што се одвиваат на трите делници (Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола) се земјени работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини. Сите активности се одвиваат со зголемена динамика.

На „Бехтел&Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79 милиони евра. Во април годинава, според Извештајот на надзорот, имало две исплати од државата преку ЈПДП – 599.794.350 милиони денари на 22 април и 524.972.228 милиони денари на 30 април.

Изведувачот заклучно со април ангажирал 1.833 лица и 1.082 градежни машини.

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, заклучно со минатата година, на „Бехтел&Енка“ биле исплатени 261 милион евра, а годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени 130 милиони евра. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово – Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар – Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп – Битола на 25 километри.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше склучен во март 2023 година.