Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Ќе се следат цените и во јуни,  па во јули ќе се одлучува за евентуални нови мерки за справување со ценовниот шок, соопшти министерот за економија и труд,  Бесар Дурмиши во интервјуто на Топ Тема.

Пазарната инспекција ќе биде на терен и овој месец, и како и за мај, на крајот од месецот ќе треба да достави извештај дали, што и колку поскапело во однос на месец мај и месец април кога мерките беа на сила.

Доколку трендот на поскапување продолжи економија ќе предложи нови краткорочни мерки и не исклучува уште помали прагови за бруто профитната маржа.