Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел удри по нуклеарен објект во Техеран

/

пред 482 дена

Сподели преку :

Израелската армија потврди дека во текот на ноќта извршила воздушни напади врз повеќе цели во Иран, меѓу кои нуклеарна центрифуга во Техеран, како дел од шестдневната воена офанзива против иранските нуклеарни капацитети.

Според соопштението, повеќе од 50 израелски борбени авиони учествувале во нападот, при што биле погодени и објекти за производство на оружје, вклучувајќи и фабрики за компоненти за балистички ракети.

Од друга страна пак рано утринава Иран продолжи со жестоки ракетни напади а голем број ирански ракети беа пресретнати над Тел Авив.

Ситуацијата останува крајно напната, со ризик од понатамошна ескалација што би можела да го втурне регионот во нова сериозна воена конфронтација.