Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија загрижена поради конфликтот меѓу Иран и Израел

/

пред 487 дена

Сподели преку :

Русија го следи со загриженост ескалирачкиот конфликт меѓу Иран и Израел, оценувајќи го како „алармантен“ и „опасен“. Иако Москва ја потенцираше својата стратешка соработка со Техеран, договорот не ги обврзува руските власти да пружат воена помош на Иран.

Руски експерти предупредуваат дека Русија има многу што да изгуби од продолжувањето на конфликтот, особено откако неодамна го загуби својот клучен сојузник Башар ал Асад во Сирија.

Загриженост предизвикува и можноста за промена на режимот во Иран, што би значело губење уште еден стратешки партнер во регионот.

Меѓувреме, Русија го искористи порастот на цените на нафтата и одвлекувањето на вниманието од војната во Украина, додека на претстојниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург ќе се обиде да ја покаже својата важност на светската сцена, вклучително и како посредник во Блискоисточниот конфликт.