Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Можеби ќе нападнеме, можеби не, никој не знае што ќе направам – Трамп за можен напад на САД врз Иран

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да одговори на новинарско прашање дали САД планираат напад врз Иран и неговите нуклеарни постројки.

„Можеби ќе го направам тоа, можеби не. Никој не знае што ќе направам“, рече Трамп пред новинарите пред Белата куќа.

Тој наведе отиму предложил на Иран да присуствува на разговори во Белата куќа, но не изнесе детали.

„Постои голема разлика меѓу сегашноста и пред една недела“, додаде Трамп.

Претседателот на САД го опиша Иран како тотално беспомошен, без никаква противвоздушна одбрана. Нагласи оти има порака за Техеран содржана во два збора – „Безусловно предавање“.