Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче најави дека вакцината на Астра Зенека нема да се дава на лица под 60 години

/

пред 2018 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 21 најави дека по информациите дека Германија одлучи попладнево да не ја дава вакцината на Астра Зенека на граѓаните под 60 годишна возраст, и нашите здравствени власти ќе го направат истото.
Тоа значи дека вакцината на Астра Зенека , со која утре ќе започне имунизацијата на македонските граѓани, ќе може да им се дава само на заинтересираните граѓани над 60 години.

Истовремено, министерот за здравство најави дека ќе испратат писмо до Европската агенција за лекови од која ќе бидат побарани дополнителни информации за процесот на имунизација со оваа вакцина.