Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемена стапката на морталитет

/

пред 495 дена

Сподели преку :

 Бројот на починати лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот  систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Најголем број смртни случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април.

Од вкупно починати 20 201, поголем број 10 604 или 52,5 проценти се мажи, наспроти 9 597 или 47,5 отсто жени.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Починати  доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 починати  лица.