Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охрид: Извлечено тело од езерото, нема траги од насилство

/

пред 495 дена

Сподели преку :

Безживотно тело попладнево околу 14 часот било пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.

Информацијата за Телма ja потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој кажа дека на телото не се забележани траги на насилство.

– Во моментов не можеме да дадеме точни информации, бидејќи телото ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации ќе има утре. Местото е обезбедено и се спроведува истрага за утврдување на причините и околностите за трагичниот настан –изјави за Телма Димоски.

Екипа од Службата за итна медицинска помош интервенирала на местото на настанот, која, по пристигнувањето, само можела да ја констатира смртта.