Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е хоспитализиран во САД поради гастроентеритис, откако го пропушти првиот натпревар на Светското клупско првенство. Францускиот голгетер не тренираше во вторникот поради покачена температура и не настапи на синоќешниот дуел против Ал-Хилал, кој заврши 1-1.

Од клубот соопштија дека Мбапе има „акутен случај на гастроентеритис“ и е примен во болница за дополнителни испитувања.

Гастроентеритисот е инфекција на дигестивниот тракт што може да предизвика повраќање и дијареа.

Следниот натпревар на Реал е во недела против Пачука (21:00 по средноевропско време), но засега нема информации дали Мбапе ќе биде подготвен за настап.