Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерко е осуден на 10 илјади евра парична казна за незаконксо назначување диркетори

/

пред 486 дена

Сподели преку :

Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за  незаконско назначување на  в.д. директори на општински основни училишта во струшките села Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Судијата Јордан Јованов, кој го водеше процесот.  За стореното кривично дело на обвинетиот му изрече парична казна во износ од сто дневни глоби или  вкупно пресметано десет илјади евра во денарска противвредност.

Образложувајќи ја пресудата, Јованов истакна дека при донесувањето на одлуката и пресметувањето на висината на казната имал предвид повеќе олеснителни околности, пред се тоа што обвинетиот нема кривично досие односно не е претходно осудуван. Меѓу другото, Јованов рече дека за разлика од претходна ослободителна пресуда каде во ревизорскиот извештај немало забелешки за набавката на луксузното возило „Ауди А6“, во овие предмети обвинетиот постапил спротивно Законот за основно образование

Обвинителството најави  дека ќе ја обжалат пресудата. Против Рамиз Мерко пред Основниот суд во Струга се водат уште два одвоени предмети по обвинение за назначување директор во Судот во Струга

Пред една недела  Јованов   донесе ослободителна пресуда по предметот што против Мерко се водеше за набавката на луксузното возило „Ауди А6“ и други возила за потребите на Општината во вкупна вредност од 114 илјади евра.

Емилија Мисирлиевски