Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МААЕ забележа „многу сериозни оштетувања“ на Фордо во Иран

/

пред 482 дена

Сподели преку :

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, соопшти дека има „многу значителни оштетувања“ на иранскиот нуклеарен објект Фордо, по американските напади.

Според него, на локацијата се забележуваат кратери кои укажуваат на употреба на пробојни бомби, додека подземната штета сè уште не може да се процени, бидејќи објектот е длабоко вкопан во планина.

Гроси побара иранските власти да дозволат инспекции на местото на нападите, истакнувајќи дека неговите тимови се подготвени веднаш да реагираат. Објектот Фордо е еден од трите ирански нуклеарни објекти погодени од американски воздушни напади, со кои САД се вклучија во војната на Израел против иранската нуклеарна програма.