Македонија е понижена и без европска иднина. Таква е сликата во државата една година по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, обвинува Социјалдемократскиот сојуз.
Велат, економската состојба е катастрофална, земјоделието е во хаос, а наместо чувство на безбедност, граѓаните секојднево слушаат за нови скандали во власта.











