Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: „Најлошото допрва доаѓа“

/

пред 489 дена

Сподели преку :

Опозицијата од СДСМ синоќа го оцени говорот на премиерот Христијан Мицкоски како уште еден доказ дека тој е изгубен помеѓу сопствените лаги и суровата реалност што ја живеат граѓаните.

Според партијата, Мицкоски повторно ги користел истите празни фрази и нереални тврдења, кои имаат цел само да ја прикријат тешката економска и социјална состојба во земјата.

Во соопштението, СДСМ го критикуваше тврдењето дека Македонија е четврта најсилна економија во Европа, наведувајќи дека тоа е далеку од вистината и дека земјата се соочува со сериозни предизвици.

Тие истакнаа дека граѓаните добро ја знаат вистината, а вистинскиот патриотизам, според нив, е во конкретни мерки за подобрување на животниот стандард, зголемување на платите и економски развој, а не во „празни ПР-спотови и долгови“.

Опозицијата додаде дека под оваа власт, Македонија станала посиромашна и понижена, а најтешките времиња допрва следуваат. Според СДСМ, владата на Мицкоски не донела конкретни решенија, туку само зборови кои не ги менуваат реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.