Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Министерството за правда ја саботира реформската агенда- од Правда негираат

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Владата на ВМРО – ДПМНЕ, за жал, не претснува да демонстрира шокантна неподготвеност и целосно отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформска агенда, особено кога станува збор за судски реформи – од кои, како што знаеме сите , директно зависи квалитетот на нашиот живот. И, ова не само што го кочи секојдневното живеење, туку и директно ја компромитира нашата европска перспектива, велат од СДСМ.

Опозицијата вели дека понудиле конкретна помош и сериозна експертиза за реализација на државните приоритети поврзани со реформскиот процес. Тоа било потврдено и на лидерската средба во април.

Прес конференција на СДСМ, Ана Чупеска, потпретседателка

Министерството за павда со реакција – СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните

  • СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните на Република Македонија. Очекувавме поконструктивен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега, освен саботажа на дневнополитичка основа, ништо друго не видовме. Се надевамe дека ќе успеат да се надминат себеси и, во интерес на граѓаните, ќе се обидат да бидат покооперативни во иднина, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Според Правда, самиот факт дека „предводникот“ на работната група на СДСМ за реформи во правосудството е политиколог, а не правник, неспорно укажува дека станува збор за чисто политички забелешки и празна демагогија, а не за правно издржани ставови. Работата на Министерството, како и досега, останува отворена и транспарентна за сите.

  • Токму критиките упатени кон Законот за Судскиот совет укажуваат на чисто дневно политиканство и празна фразеологија во дадената изјава. Законот е резултат на темелна анализа и повеќемесечна стручна работа, имајќи ги предвид препораките од оценската мисија, коментарите од Венецијанската комисија, сè со цел да се обезбеди независност на судството и заштита на правната држава- се вели меѓудругото во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму го повикуваат СДСМ да престане со саботажите и да застане на страната на државните интереси, а не на партиските пресметки. Судството не смее да биде полигон за политички пазарења, туку независна гранка на власт која ќе обезбедува правда за сите граѓани.