Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Санчез му одговори на Трамп: Шпанија е суверена земја

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Шпанскиот премиер Педро Санчез одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи го дека Шпанија е суверена земја и дека трговската политика со која било земја-членка на ЕУ мора да биде договорена со Брисел во име на сите земји-членки.

„Шпанија е земја која е посветена на земјите-членки на Алијансата, но исто така и суверена, и тоа е рамнотежата што ја најдовме во декларацијата што ја постигнаа 32-те земји-членки на Атлантската алијанса, вклучувајќи ги и САД“, рече Санчез.
Изјавата на Санчез доѓа по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет, еден ден по самитот на НАТО, на кој Трамп ѝ се закани на Шпанија со трговска војна за да ја принуди да плаќа „двојно“ ако не потпише обврска за зголемување на воените трошоци на пет проценти од БДП, како другите членки на трансатлантската организација.