Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

/

пред 483 дена

Сподели преку :

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица.

Камионот со кој управувал 34-годишниот македонски државјанин, вчера кусо по 16 часот се судрил со автомобил во кој се превезувало четиричлено семејство, а животот го загубија 44-годишен маж и неговиот 13-годишен син, додека пак сопругата и другиот син на возраст од девет години се полесно повредени.

По несреќата, за извлекување на патниците интервенираше противпожарната служба со девет пожарникари и три возила, како и службата на брзата помош од Солун со две возила, седум спасувачи и еден лекар.

Возачот на камионот откако беше уапсен бил изведен пред јавен обвинител и со усна наредба на обвинителот бил ослободен.