Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Oвации со извици браво од публиката во Концертната сала на Солун, и бис со “О Фортуна” на вечерашната изведба на сценската кантата ” Кармина Бурана”. Вакви беа реакциите за концертот со делото на Карл Орф, за кој по втор пат се обединија Македонската филхармонија со Софиската и Државниот симфониски оркестар на Солун, во улога на домаќин.

Во изведбата учествуваа тројца солисти од трите држави: Ана Дурловски, Николас Спанос и Иво Јорданов и исто толку хорови- на Софиската филхармонија и од солунската црква Св. Кирил и Методиј и од Униветзитетот Македонија. Изведбата беше под диригентство на маестро Михалис Иконому од Грција.

Повеќе во утрешните вести на Телма. Специјален известувач Сотир Трајков.