Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

/

пред 461 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максимумот од 30 до 38°C.

Агропрогноза:

Топлото време и високите температури влијаат негативно врз земјоделските култури со тоа што доаѓа до интензивна евапотранспирација, при што почвата брзо се суши и поизразено ја губи почвената влага. Високите температури ќе влијаат и на повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат. Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните, окопните и индустриските култури. Земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување на работи во поле, наводнување, уништување на плевели, заштита на растенијата од појава и развој на болестите и штетници, редовно следење на посевите како и други агротехнички мерки.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/