Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Републиканците пред усвојување на законот за даноци, демократите со сите сили се обидуваат да го спречат

/

пред 474 дена

Сподели преку :

Американскиот Сенат е во финални подготовки за гласање на контроверзниот закон на претседателот Доналд Трамп кој предвидува големи даночни олеснувања и кратења во државната потрошувачка. Законот, кој брои околу 940 страници, содржи и нови средства за националната одбрана и зајакнување на депортациите, а се очекува конечната одлука да биде донесена утрово.

Сенаторот Роџер Маршал од Канзас изјави дека Републиканците, кои ја имаат контролата и во Претставничкиот дом и во Сенатот, веруваат дека имаат доволно гласови. Демократите, пак, се силно против и нудат десетици амандмани во обид да го променат или блокираат законот, кој се разгледува преку процедура наречена „vote-a-rama“, маратонско гласање за секој предложен амандман.

Сенаторот Марк Кели од Аризона изјави дека целиот демократски блок е решен да го спречи ова законско решение. Доколку законот мине во Сенатот, ќе треба да биде изгласан и во Претставничкиот дом пред претседателот Трамп да може да го потпише и да стане официјален. Претседателот побара од Републиканците да ги одложат празничните одмори и да го завршат гласањето до 4 Јули, Денот на независноста.