Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица починаа, над 300 побарале помош – топлотен бран во Франција

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Две лица починаа во Франција поради проблеми поврзани со високите температури, а повеќе од 300 примиле итна медицинска помош, соопшти денеска француската министерка за животна средина, Ањес Пание-Рунахер.

Голем дел од Франција вчера ја зафати екстремна жештина, при што највисоко ниво на тревога беше активирано во 16 департмани, вклучувајќи го и Париз. Температурите достигнаа над 41 степен Целзиусов во јужна и централна Франција, додека главниот град регистрира 38 степени, пренесе ДПА.

Локалните медиуми јавија дека некои делови од Франција ги регистрирале највисоките температури некогаш забележани во јули.

Највисокото ниво на тревога, црвено, моментално е во сила само за четири области, иако се очекува температурите да достигнат до 39 степени Целзиусови. Некои училишта остануваат затворени, а се очекува од утре жештината да се намали.