Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична пријава за сопственичка од Кавадарци за затајување данок

/

пред 479 дена

Сподели преку :

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственичка и управителка на „Руж Експорт ДООЕЛ“ од Кавадарци, поради сомнение за даночно затајување во износ од над 50 милиони денари… Според наводите таа во периодот од 2013 до 2018 година продавала стока на отворен пазар без евиденција, издала над 2.700 фактури и извршила извоз во повеќе земји без пријавување на добивката, нанесувајќи сериозна штета на државниот буџет…

Од финансова велат дека осомничената поднесувала завршни сметки со невистинита содржина до УЈП и Централниот регистар за дел од годините, а за останатите години – воопшто не поднесувала документација… Целата книговодствена евиденција, според Финансиската полиција, била уништена со намера да се прикрие незаконското работење… Компанијата „Руж Експорт“ е избришана од Централниот регистар во 2020 година… Случајот е предаден на Основното јавно обвинителство Кавадарци….