Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку четворица убиени, 14 повредени – пукање пред ноќен клуб во Чикаго

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Најмалку четири лица се убиени, а 14 повредени во пукање од автомобил пред ноќниот клуб Артис Ланџ (Artis Lounge) во Чикаго, потврди полицијата. Синоќа околу 23 часот, според полициски наводи, темен SUV минал покрај клубот на авенијата Вест Чикаго. Три лица од автомобилот отвориле оган врз толпа луѓе кои стоеле пред влезот.

Две од жртвите се мажи на возраст од 24, односно 25 години, а две се жени. Повредените, пак, имаат меѓу 21 до 32 години. Најмалку четворица од нив се наоѓаат во критична состојба.

Сè уште нема апсења, а полицијата трага по тројца осомничени напаѓачи кои се во бегство.