Неколку луѓе се избодени со нож денеска во близина на трговски центар во финскиот град Тампере, соопшти полицијата. Полицијата објави дека е уапсено едно лице и оти инцидентот повеќе не претставува опасност за останатите.
Повредените добиваат прва помош, додадоа полициски извори, без да наведат детали за природата на повредите, ниту за сторителот.
Јавната ТВ куќа YLE јавува дека сообраќајот во центарот на Тампере, град на 180 километри северно од Хелсинки и трет најголем во Финска, е во застој.











