Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ убедливо го совлада Британецот Даниел Еванс и се пласира во третото коло на Вимблдон. По мечот ги сподели впечатоците од мечот и упати пораки до Федерер и Надал. Запрашан како гледа на својот прв настап на гренд слемот на лондонската трева пред точно 20 години, српскиот тениски ас одговори:

„Не можам да се сетам, одамна беше. Највисокото ниво на тенис бара многу откажувања. Не играм толку често како останатите, повеќе си играм со моите деца. Не гледам премногу наназад, но сигурно ќе го направам тоа кога ќе ја завршам кариерата. Се замислувам себеси на плажа во пензија, со Федерер и со Надал, како разговараме со коктели и се потсетуваме што сe направивме“, рече Ѓоковиќ.

Триумфот против Еванс беше негов 99-тина Вимблдон и по 19-ти пат се пласира во третото коло во Лондон, што е апсолутенрекорд во машкиот тенис.

„Тој факт говори дека играм баш долго. Деветнаесет пати, тоа е колку што имаат години Синер и Алкараз“, се пошегува Ѓоковиќ.